Инфо за Млади
44

Т-МОБИЛЕ има потреба од Продажен претставник за деловни корисници

Т-МОБИЛЕ има потреба од Продажен претставник за деловни корисници (Охрид, Струга и Кичево).

Во моментов бараме Продажен претставник за деловни корисници за регионите Охрид, Струга и Кичево кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во продажните активности за нашите деловни корисници преку градење и воспоставување на континуирана соработка. Користејќи проактивен пристап Продажниот претставник за деловни корисници ќе обезбедува зголемување на задоволството на корисниците и ќе има значителна улога во растот на компанијата.

Работни задачи:

  • Извршување на проактивни продажни активности со што би се исполниле месечните цели по производи и услуги
  • Редовни деловни посети на потенцијалните и постоечките корисници
  • Подготовка на деловни понуди и интегрирани решенија (продукти и сервиси од мобилна и фиксна телефонија и ICT решенија ) за потенцијални и постоечки корисници
  • Подготовка на детален план за активности за привлекување и задржување на корисници
  • Анализа на корисничките потреби и подготовка на продажен план
  • Презентација, преговори и склучување на договори со корисници
  • Континуирано следење на процесите за реализација и проверка на нивниот статус
  • Одржување на постојан контакт, официјална коресподенција и поддршка на корисници

Потребни квалификации:

  • Диплома од Факултет од областа на Електротехника, Телекомуникации, Компјутерски науки или Економија
  • Минимум 3 години релевантно работно искуство
  • Познавање на Microsoft Office и други компјутерски апликации
  • Ориентираност кон корисници
  • Одлични комуникациски, преговарачки, презентациски и организациски вештини
  • Аналитички способности и способност за решавање на сложени проблеми
  • Способност за донесување одлуки, стратешко размислување, самодоверба, прецизност, креативност и доверливост

Што очекуваме:

  • Тимски играч
  • Проактивност
  • Ориентираност кон резултати
  • Аналитички вештини
  • Вљубеник во технологијата

Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.

Што нудиме:

  • Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
  • Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
  • Можност за континуирано професионално усовршување и развој
  • Приватно здравствено осигурување
  • Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
  • Останати бенефиции како вработен во МК

 

Активен до: 16.06.2024

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави