Т – Мобиле има потреба од претставник за В2В продажба за деловни корисници (Охрид и Струга).
Во моментов бараме Претставник за B2B продажба за деловни корисници за регионите Охрид, Струга и Кичево кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во продажните активности за нашите деловни корисници преку негување, градење и воспоставување на континуирана соработка. Користејќи проактивен пристап ќе обезбедувате зголемување на задоволството на корисниците и ќе имате значителна улога во растот на компанијата.
Работни задачи:
- Извршување на проактивни продажни активности со што би се исполниле месечните цели по производи и услуги
- Редовни деловни посети на потенцијалните и постоечките корисници
- Подготовка на деловни понуди и интегрирани решенија (продукти и сервиси од мобилна и фиксна телефонија и ICT решенија ) за потенцијални и постоечки корисници
- Подготовка на детален план за активности за привлекување и задржување на корисници
- Анализа на корисничките потреби и подготовка на продажен план
- Презентација, преговори и склучување на договори со корисници
- Континуирано следење на процесите за реализација и проверка на нивниот статус
- Одржување на постојан контакт, официјална коресподенција и поддршка на корисници
Потребни квалификации:
- Диплома од Факултет од областа на Електротехника, Телекомуникации, Компјутерски науки или Економија
- Минимум 2 години релевантно работно искуство
- Познавање на Microsoft Office и други компјутерски апликации
- Ориентираност кон корисници
- Одлични комуникациски, преговарачки, презентациски и организациски вештини
- Аналитички способности и способност за решавање на сложени проблеми
- Способност за донесување одлуки, стратешко размислување, самодоверба, прецизност, креативност и доверливост
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Проактивност
- Ориентираност кон резултати
- Аналитички вештини
- Вљубеник во технологијата
Активен до: 18.08.2024
Повеќе детали на следниот линк.