МЦО ПРАЈТ
587

Средба на МЦО со Локалниот совет на млади

На 21 јули Младински Центар Охрид оствари средба со членовите на Локалниот младински совет при Општина Охрид. На средбата присуствуваше и Раководителот на секторот за спорт, млади и невладини организации  – Јоне Станковски.

Целта на средбата беше преку континуирано и заедничко дејствување да ја истакнеме важноста и позицијата на младите во Општина Охрид.

 

Средбите на МЦО со ЛМ Совет ќе се реализираат секој месец на кои ќе се дискутираат наредни чекори за дејствување, меѓусебна соработка како и споделување на добри практики.

Младински Центар Охрид е место од нас, за нас и со искористување на неговиот потенцијал влијаеме директно врз личниот раст и развој, како и врз средината каде делуваме.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави