Шпаркасе Банка АД Скопје за првпат оваа година организира ЛЕТНА АКАДЕМИЈА под мотото Vibe On, со која споделуваме можност за откривање нови знаења.
Запознавање на банкарското работење, стекнување искуство во корпоративно и благајничко работење како и заемно дружење со нашите вработени.
Летната академија ќе биде организирана во Охрид, со обезбедено сместување за 12 учесници и обезбедена програма за теоретска и практична работа.
Во периодот од 1 10 jули 2024 година, учесниците ќе имаат можност да се запознаат одблиску со банкарското работење, како теоретски, така и практично.
Ќе имаат можност да работат на реални проекти и да развиваат банкарски производи со искусни и признати професионалци во банкарството и да станат дел од светот на банкарствот
Ќе биде истакнат и натпреварувачкиот дух на младите учесници, а најуспешните во остварување на поставените задачи ќе добијат можност за платена практика во Шпаркасе Банка како и можност за идно вработување.
Повеќе детали на следниот линк.