Инфо за Млади
248

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ОХРИД

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.

Банката вработува БАНКАРСКИ СЛУЖБЕНИК ВО ЕКСПОЗИТУРА ВО ОХРИД, Служба за мрежа на експозитури.

  • Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:
  • Најмалку средно образование, по можност универзитетска диплома
  • Најмалку 1 година искуство, пожелно во благајничко работење
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Добро познавање на локалниот пазар
  • Добро познавање на банкарските производи
  • Добри организациски и комуникациски вештини
  • Можност за самостојна работа
  • Флексибилност

 

  • Дел од работните задачи на банкарски службеник во Служба за мрежа на експозитури се следните:
  • Ги исполнува таргетите за пораст/продажба на портфолиото;
  • Ефикасно го врши сето готовинско и безготовинско работење;
  • Го следи трезорот на експозитурата за да се осигура дека готовинскиот биланс е точен;
  • Врши управување со готовина, броење и верификација на соодветната документација;
  • Го развива и одржува клиентскиот однос со клиентите, така што обезбедува професионални финансиски решенија во областа на комерцијално позајмување;
  • Ги одредува финансиските потреби на клиентите и ги следи трендовите на пазарот/конкуренцијата со цел советување на клиентите и предлагање на конкретни производи на банката кои ќе ги исполнат нивните барања;
  • Ги промовира производите и услугите на банката на постоечките и потенцијалните клиенти со цел да се постигнат личните таргети и да се придонесе за перформансите и профитабилноста на експозитурата;
  • Им пренесува информации на претпоставените и на другите служби за конкретни потреби на клиентите, нивните барања или пазарните трендови, со што придонесува за осмислување и на нови производи;
  • Го започнува процесот на издавање кредити врз основа на примени апликации за кредити на банката;
  • Врши вкрстена продажба на банкарските производи.

Повеќе детали за огласот и за начинот на аплицирање на следниот линк.

Активен до: 05.08.2023

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави