МЦО ПРАЈТ
51

Работилница за Младинско Учество во Охридската Гимназија

Денес, во ОСУ “Св.Климент Охридски” – т.н Охридската Гимназија имавме можност да реализираме Работилница за Младинско Учество, каде беа вклучени гимназијалците со цел да бидат запознаени за поимот Младинско Учество, Законот за Младинско Учество и Младински Политики и како да се носат со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат.
Ги запознавме со скалилата на младинско учество, по што се разви плодна дискусија каде младите беа поттикнати да зборуваат за своите предизвици и потреби со што истите ќе работат на нивно надминување.
Младинското Учество е нужно со цел подигнување на младинскиот стандард и подобрување на благосостојбата на младите во заедницата.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави