Вчера, со почеток во 18ч се спроведе првиот Младински Круг на тема “Ментално Здравје” во склоп на Недела на Млади.
Актуелна тема за младите заради нивна добросостојба, раст и развој.
Менталното здравје и негово максимизирање денес е предизвик на секоја индивидуа, кое произлегува од брзото темпо на живот, околината и самата глобализација, која како свои придобивки носи и ризици.
Зборувавме за влијанието на социјалните медиуми, мерки за надминување на предизвикот, како да го препознаеме неговото нарушување, како и како до благосостојба.
На Младинскиот Круг присуствуваа различни категории на лица од кои: психолози, претставници на Црвен Крст, Локален Младински Совет, Локално Младинско Собрание, како и општинските средни училишта.
Благодарност до учесниците за активниот ангажман и плодната дискусија!