На 31 март 2023 година во Младински Центар Охрид сe одржа промоција на книгата „Потрага по загубениот гроб“ од авторот Панче Коцев.
Триаголник скроен од наука, интрига и авантура.
Потрагата започнува во Александрија, но по откривање на неколку артефакти истата се префрла на европско тло, во Македонија. Марко, млад водич-кустос од археолошкиот локалитет Стоби, им се приклучува во тимот и сѐ покажува како клучен играч во истрагата. Но и во сопствената замка во која потпаѓаат.
Зошто Охрид се нарекува Балкански Ерусалим? Дали можеби тој е вистинскиот Ерусалим? Одговорите ќе ги најдете низ 458те страница на делото.