КултураОХРИД СЕГА
470

Промовиран филмот „ДА ПОЧНЕМЕ ОД НАС“

На 18 мај 2023, во Младински Центар Охрид, учениците од ООУ „Григор Прличев“ – Охрид имаа своја промоција на нивниот прв краток филм „Да почнеме од нас”.

 

Филмот е во режија, монтажа и сценарио на ученикот Иво Георгиески, а во главни улоги учениците Ана Марија Цветковиќ, Ана Илоска, Руждие Асан, Елена Веруш, Софија Мирческа, Фросина Белистојаноски, Анастасија Настеска и Славица Мојсоска под менторство на наставничката Славица Јолакоска-Таштаноска.

Со овој филм тие силно повикуваат на разумност, примерност и гласно извикуваат СТОП за врсничкото насилство во било која форма.  Кога децата ќе го претстават нивното секојдневие низ нивното гледиште, кога ќе ги сфатат грешките и кога ќе учат од нив, тогаш сте сигурни дека тие го трасираат вистинскиот пат.

Темата на овој филм е дел од секојдневието, каде за жал булингот и неприфаќање на различноста станаа составен дел од животот на личноста”

раскажува режисерот на краткиот филм, Иво Георгиески.

Филмот можете да го гледате на следниот линк.

 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави