На 21 јануари Здружението Топ Адвенчрс Охрид (Охрид Ултра-Треил), во просториите на Младински Центар Охрид одржа технички состанок со волонтерите на трката Охрид Ултра-Треил.
Главна цел на настанот беше тим билдинг, а темата промоција на рекреативни спортови во природа.
Трчање меѓу езера, облаци и планини – Охрид Ултра-Треил организиран во југо-западниот крај на Македонија, во близина на границата со Албанија и Грција, на само неколку часа патување со автомобил од било кое место во нашата земја. Одлична организација на трката по меѓународни стандарди, сите волонтери имаат неколку годишно искуство во приредување безбеден и забавен спортски натпревар на отворено.
Сите трки на Охрид Ultra-Trail се организирани во согласност со ITRA (International Trail Running Association) медицинските и безбедносните стандарди и на финишерите им се доделуваат квалификациски камчиња за UTMB (Ultra Trail du Mont Blanc). Исто така, учесниците и организаторите го следат начелата на Outdoor Friendly Pledge со цел да ја заштитат уникатната природа во регионот.