На 31.03.2023 година (петок) во Младински Центар Охрид со почеток во 17:00 часот ќе сe одржи промоција на книгата „Потрага по загубениот гроб“ од авторот Панче Коцев.
Тројца еминентни професори по археологија, дваесет години по диоломирањето, ги обединуваат своите сили со цел остварување на нивниот студентски сон – пронаоѓањето на загубениот гроб. Потрагата започнува во Александрија, но по откривање на неколку артефакти истата се префрла на европско тло, во Македонија. Марко, млад водич-кустос од археолошкиот локалитет Стоби, им се приклучува во тимот и сѐ покажува како клучен играч во истрагата. Но и во сопствената замка во која потпаѓаат. Тие не се единствените кои трагаат. Потрагата е полна со пречки. ЦИА, МПЦ и неколку тајни здруженија исто така имаат интерес од истата.
Градот Охрид, еден од најубавите во Европа се наоѓа во средишниот дел на приказната. Книгата на еден начин е и туристички водич за античкиот Лихнид и периодот на раното христијанство. Зошто Охрид се нарекува Балкански Ерусалим? Дали можеби тој е вистинскиот Ерусалим? За да ги дознаете одговорите ќе треба да трагате низ 458те страница на делото.