Филм кој секој треба да го погледне !
Овој четврток, 26 октомври 2023 година, Ве покануваме да ни се придружите на проекцијата на филмот The Social Dilemma, проследена со краток разговор за скриената реалност на социјалните медиуми, нашата приватност и зависноста од екрани.
Постираме, лајкуваме, шеруваме – но кои се последиците од сѐ поголемата наша зависност од социјалните медиуми? Во оваа доку-драма, дел од луѓето кои и самите помогнаа во градењето на најмоќните социјални платформи зборуваат за тоа како социјалните медиуми го репрограмираат човештвото, откривајќи ни што се крие на другата страна од вашите екрани.
Оваа проекција е во соработка со Американско катче Струга.
Ве очекуваме !