ИНФОРМИРАЈ СЕМЦО ПРАЈТ
258

Пријави се во Младинските клубови на МЦО

Младински Центар Охрид е местото каде се спроведуваат програми за подобрување на благосостојбата и унапредување на личниотн социјалниот и професионалниот развој на младите.

За таа цел во МЦО функционираат 5 Младински клубови, а сигурни сме дека ќе се пронајдете во некој од нив.

1. ВОЛОНТЕРСКИ КЛУБ
Биди дел од тимот на МЦО. Волонтерството е едно од основните активности кои младите треба да ги преземаат за личен раст и развој. Ова е одлична можност за развивање на духот на волонтирањето, размената на идеи и пренесување позитивна енергија, но и шанса со конкретни дела да го направиме нашето опкружување поубаво место за живеење.
Пријави се ТУКА.
2. КРЕАТИВЕН КЛУБ
Дали сте млада и крeативна личност ? Доколку ДА, бидете дел од Креaтивниот Клуб на Младински Центар Охрид.
Како дел од овој клуб ќе можете да се изразите на различни креативни начини, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:

  • Видео содржина (YouTube видео, TikTok, Reels, Podcasts…)
  • Креативна графичка содржина (дизајн, стрип, илустрација…)
  • Фотографија
  • Сликарство или цртање
  • Креативно пишување, есеи, поезија, проза, сценарија

Пријави се ТУКА.

 

 

3. МЕДИЈА КЛУБ

Биди и ти дел од тимот на Медија Клубот во МЦО. На креативен и иновативен начин да ja прикажеме замислата. Медија клубот е начин за младите охриѓани да ги користат своите таленти за прикажување на одредена содржина со истовремено користење на текстови, звуци, видео клипови и музика. Заедно да креираме содржини кои ќе бидат корисни за останатите млади, при што се става акцент на зголемената младинска информираност.
Пријави се ТУКА.

4. ДЕБАТЕН КЛУБ

Сакаш појак аргумент за да ги победиш пријателите? Дојди на дебата!

Доколку те интересира дебата, аргументирано изразување и медиумска писменост, пријави се и стани член на дебатниот клуб.

  • Истражување;
  • Борба против лажни вести и препознавање на истите;
  • Структуирано пишување и изнесување на аргументи како и правилно побивање на туѓи аргументи со кои не се согласуваш;
  • Различни техники за јавно говорење и надминување на трема од јавен настап.

Пријави се ТУКА.

 

 

5. АРТИВИЗАМ

Сакаш да направиш промена? Сѐ што гледаш може да се смени! Приклучи се на Артивизам! Доколку те интересира како да направиш промена и сакаш да откриеш нови, креативни и иновативни алатки за искажување на твоите ставови, мислења, интереси, барања и идеи, пријави се и стани член на клубот за активизам. Научи независно и самоуверено да ги користиш алатките кои се обработуваат и стекни нови знаења и вештини за да допринесеш кон позитивни промени во твојата заедница преку креативни локални акции.
Пријави се ТУКА.
Место за убај љуѓе. Ај ре дојте ! 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави