Вчера во просториите на Младински Центар Охрид се одржа настан во организација на Американско Катче (American Corner) за презентација на грантови.
Надица Закула и Габриела Алексова, ги презентираа грантовите кои U.S. Embassy North Macedonia ги нуди на Невладиниот Сектор во Охридскиот и во Струшкиот Регион.
Ова е фантастична можност за организациите кои се во потрага по фондови за креирање позитивни општествени промени и раст и развој на заедницата.
Значајно е тоа што нема ограничување на годините на постоење и делување на самата организација, туку овие повици се отворени за сите организации кои сакаат да направат промена во своето опкружување.
Настанот беше посетен од голем дел од граѓанските организации од овој регион, кои воедно пројавија интерес за оваа уникатна можност.
Повеќе информации можете да најдете на следниот линк, како и да не контактирате на нашиот меил [email protected] за дополнителни прашања.
https://mk.usembassy.gov/education-culture/grants/