На 2 март во соработка со Црвен крст Охрид, се одржа предавање на тема „Рак на грлото на матката-причини, симптоми, тестови, стадиуми, превенција и лечење“.
Учесниците имаа можност да научат повеќе за ракот на грлото на матката и грижата за своето здравје.
Предавач на настанот беше Д-р Јасна Митреска, спец.гинеколог.
Јас како лекар специјалист сакам да упатам директна порака до женската популација да се грижат за своето репродуктивно здравје, да посетуваат редовно гинеколог, затоа што во 21 век неприфатливо е да се губат животи од рак на грло на матката кога со превентивни прегледи тоа може да спречи.
Додаде Д-р Јасна Митреска
Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Знаењето спасува живот“, Црвен крст Охрид организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.
Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак. Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики.