Инфо за МладиМЦО ПРАЈТ
451

Повик за нови членови во младинските клубови

Младински Центар Охрид во соработка со Младински образовен форум (МОФ) отвора повик за нови членови во младинските клубови !

Во Младински Центар Охрид ќе бидат отворени клубовите за ДЕБАТА и АКТИВИЗАМ.

Пријави се ТУКА

Доколку те интересира како да направиш промена и сакаш да откриеш нови, креативни и иновативни алатки за искажување на твоите ставови, мислења, интереси, барања и идеи, пријави се и стани член на клубот за активизам.  Биди дел од еден поинаков клуб кој ја користи уметноста за активизам, научи независно и самоуверено да ги користиш алатките кои се обработуваат и стекни нови знаења и вештини за да допринесеш кон позитивни промени во твојата заедница преку креативни локални акции.

Доколку те интересира дебата, аргументирано изразување и медиумска писменост, пријави се и стани член на дебатниот клуб.

Што можеш да очекуваш?

  • Истражување и проучување значајни теми од различни области
  • Борба против лажни вести и дезинформации и препознавање на истите
  • Структуирано пишување и изнесување на аргументи како и правилно побивање на туѓи аргументи со кои не се согласуваш
  • Различни техники за јавно говорење и надминување на трема од јавен настап
  • Знаењата и вештините што ќе ги стекнеш ќе ти помогнат да растеш како личност и значително да се развиеш на академски и професионален план.

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ … на следниот линк.

 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави