Млади од Пелагонија во посета на МЦО

Денес во посета на Младински Центар Охрид беа 50 млади од рурална Пелагонија, 9 асистенти на граѓански организации и дел од Градоначалниците на општините во Пелагонија.

Прво пред присутните се обрати Кристина Талеска од граѓанската организација Про Локал – Битола која ја нагласи потребата од постоење на младински центри во сите општини од Пелагонија.

Потоа се обрати Заменик-градоначалникот на Општина Охрид, Проф. Перчо Божиновски и го претстави формирањето, начинот на функционирање и работење на Младинскиот Центар Охрид.

За значењето на Законот за младинско учество и младински политики говореше Извршниот Директор на Коалицијата на младински организации СЕГА, Зоран Илиески. Коалиција на младински организации СЕГА е избрана младинска чадор организација да раководи со Младинскиот Центар Охрид во период од 3 години со поддршка на Општина Охрид.

На крај се обрати Раководителот на Младински Центар Охрид, Јован Цветкоски кој ги претстави сите реализирани активности од отворањето до денес, како и планираните во наредниот период. Ги поттикна младите да се активни во своите средни, да го следат примерот на Младински Центар Охрид и им порача дека Центарот е отворен за помош и соработка.

Посетата на Младинскиот Центар Охрид е дел од агендата на Семинарот за Законот за младинско учество и младински политики, во рамките на проектот „Зајакнување на луѓето од Пелагонија 2“, кој овој викенд се одржува во Охрид.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави