Инфо за Млади
428

Office Plus има потреба од продажен референт

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на дистрибуција: трговија на големо и мало, продажба по каталог и работи на решение за продажба преку веб шоп.

ОФИС ПЛУС е сопственик на брендот “Офис плус”, под кое име се објавуваат каталози и веб-страница.

 

Потребни квалификации:

  • ССС/ ВСС
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета како предност
  • Познавање на англиски  јазик
  • Одлично познавање на работа со компјутери

Одговорности и задачи:

  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Следење на продажбата и преземање на активности за унапредување на продажбата
  • Проверка на декларации и редење на производи
  • Изработка на потребна документација
  • Одржување на хигиена во продажното место

Вештини и способности:

  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Ориентираност кон клиенти и градење однос со потрошувачи
  • Одговорна, мотивирана и стабилна личност
  • Способност за индивидуална и тимска работа

 

Вашата Професионална Биографија (CV) можете да ја доставите на маил [email protected]

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим.

Активен до: 06.07.2023

Повеќе детали на: Офис Плус ДООЕЛ: Продажен референт – ОХРИД (kariera.mk)

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави