American Corner Струга организира обука за претприемништво за жени и млади девојки од Струга и регионот кои би сакале да го откријат својот претприемачки потенцијал и да направат чекор напред кон започнување на сопствен бизнис.
Програмата се состои од четири сесии, кои ќе се одржуваат секоја сабота од 18 март до 8 април, во American Corner Струга.
Апликацијата е на следниот линк.
Приоритет ќе имаат жените и младите девојки, на возраст од 18 и повеќе години.
Обуките ќе ги спроведе CEFE Македонија. Дел од темите на обуката ќе бидат: претприемништво, SWOT анализа, менаџмент на времето, финансии и сл.
Обуката е целосно бесплатна за избраните учесници
Повеќе информации ACNM – American Corners North Macedonia (americancornersnmk.org)