Од 01 до 07 мај 2023, во Струга, Коалиција СЕГА одржа Обука “Youth work in Green entrepreneurship“. На оваа обука учествуваше Иво Ристески, како претставник на Младински Центар Охрид. Исто така на обуката учествуваа и младински работници од Македонија, Турција и Словачка.
СЕГА во насока на поддршка на младинските работници ги зајакна нивните компетенции за поддршка на младите од нивната околина за креирање на вработливост фокусирано на зелениот раст, така што додека би ја одржувале благосостојбата, нема да и штетат на природата и напротив – би делувале позитивно.
Зеленото претприемништво промовира општествени промени и решенија за здрава и одржлива животната средина. Зеленото претприемништво е една од главните теми на кои ЕУ им дава приоритет.
Коалиција на младински организации СЕГА ја спроведе оваа активност како дел од Акредитиран проект според Програмата Еразмус+, Клучна акција 1: Индивидуални мобилности, поддржан од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилност во Македонија
СЕГА како еразмус+ акредитирана организација во полето на млади предвидува активности за зајакнување на младите и организациите кои работат со млади.