На 07.08.2023, со почеток во 11ч, во просториите на МЦО се реализираше првата активност во склоп на Недела на Млади.
Работилница за Младинско Учество, каде земаа учество ЛМ Совет и ЛМ Собрание.
Стана збор за Законот за Младинско Учество и Младински Политики, колку учесниците се запознаени со истиот, неговата имплементираност и нивниот директен удел во самата функционалност.
Која е целта на законот и како тие можат да придонесат до негова максимизација?
Впрочем, стана збор и за потребите на младите на локално ниво и како тие сами да излобираат за нивно решение.