На 08.08.2023 година, во Дворот на МЦО, во склоп на програмата Недела на Млади, се реализираше
Креативна Работилница за Изработка на Инста Рамка, на која Младински Центар Охрид во соработка со Локален Младински Совет изработи две рамки за промоција на Младински Центар Охрид и Локален Младински Совет, која е интересен начин за да се биде чекор поблиску до младите и зголемување на младинската информираност.
На истата учесниците имаа можност да се дружат, вмрежуваат и да ја изразат својата креативност, со една јасна цел – чекор поблиску до младите заради зголемување на младинската информираност и промоција на двата линкови кои ги имаат младите за реализација на нивните потреби и надминување на своите предизвици.