Членови на Дебатниот клуб учествуваа на Националното дебатно првенство за почетници 2023.
Од 15 до 17 декември, во Скопје, Александар Бојчовски (судија и тренер во Дебатниот клуб) , Сара Петкоска (дебатер), Борче Исакоски (дебатер), Марио Ѓорески (дебатер) и Теодора Спировска (дебатер) со аргументи и ставови ја бранеа главната теза:
„Овој Дом би им забранил на сите земји кои кршат човекови права да учествуваат на сите големи меѓународни забавни настани“.

Оваа година, на првенството учествуваа 230 млади, или вкупно 50 тимови.

Организатор на истиот беше Младински образовен форум – МОФ / Youth Educational Forum -YEF, а поддржани од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.