МЦО ПРАЈТ
268

Повторно мотивирачки трбини во МЦО „И јас сум од Кочо Рацин“

Како и претходната година, почнувајќи од овој петок, Март Младински Центар Охрид во соработка со ООУ “Кочо Рацин”- Охрид секоја недела ќе организира мотивирачки трибини.

Повод 8ми Март ќе се одржи првата трибина, а гостинка на истата ќе биде професорката по информатички науки и технологи Александра Настоска – Николоска.

Темата ќе биде за значењето и модерната улога на жената во нашето општество, но и за предизвиците со кои се соочуваат жените во сферата на информатичките технологии и предрасудите кои постојат во однос на поделбата на професии.

Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.

Мотивирачките трибини се под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.

 

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави