МЦО ПРАЈТ
1K

Мотивирачка трибина со конкретна цел до успех !

Во Младински Центар Охрид, на 11 април продолжија неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“.  Говорник на трибината беше Мери Најдеска, м-р по финансиско даночен менаџмент.

Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска.

Говорникот на трибина прво зборуваше за основно училиште како прв чекор кон успехот.  Во основното училиште ја поставуваме основата на нашиот карактер, ја градиме почитта кон луѓето, ја стекнуваме нашата култура и нашите навики.

Желбата за успех, без поставување на конкретна цел, без поставен конкретен план за остварување на нашите цели и визии и без упорност и решителност за остварување на планот останува само желба. Никој не го планирал својот неуспех, но вистинското прашање е дали го планирал својот успех !  

По патот до професионалниот успех, не го заборавај твојот личен успех.

 

Инаку Мери Најдеска е м-р по финансиско даночен менаџмент, генерален и извршен директор на Дооел Милкуз, а истовремено е и основач, сопственик и генерален директор на Грин Флејм Дооел, основач, сопственик и генерален директор на Кинг Филд Доо.

Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.

Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави