МЦО ПРАЈТ
827

Мотивирачка трибина со Андреа Илоски

Во Младински Центар Охрид, на 26 април продолжија неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“.  Говорник на трибината беше Андреа Илоски, менаџер на хотел „Инекс Олгица“.

Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска.

Говорникот на трибина прво зборуваше за деновите поминати во основно училиште, желбата и мотивација за успех.  Во основното училиште ја поставуваме основата на нашиот карактер и нашите навики. Потоа  за предизвиците со кои се соочуваат жените, предрасудите кои постојат во однос на поделбата на професии, но и за нејзиниот пат до успехот и развојот на кариерата.

Инаку Андреа Илоски е менаџер на хотел „Инекс Олгица“, еден од најпознатите хотели на охридската ривера.

Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.

Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави