МЦО ПРАЈТ
1K

Мотивирачка трибина со Д-р Билјана Пецакова

И оваа недела на 6 април, во Младински Центар Охрид продолжија неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“.  Говорник на трибината беше Д-р Билјана Пецакова,  Специјалист за орална хирургија.

Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска.

Говорникот на трибина прво зборуваше за школските денови поминати во основно училиште, нејзината желба и упорност за успех и надоградување.

Самите сме креатори на својата судбина и самите може да ги смениме нашите мисли, па да започнеме да гледаме од позитивна перспектива. Факт е дека секој од нас има нешто кое е квалитетно. Пробајте да не се грижите за се околу вас. Грижата е инхерентно негативна и лошо влијае врз благосостојбата. Многу здравствени проблеми се поврзуваат со стресот предизвикан од премногу грижи. Кога работите ќе тргнат наопаку, наместо да се грижите зошто е тоа така, пробајте да размислувате како да ги исправите и да ги насочите во правилен правец. Не секогаш може да ја смените ситуацијата, ама може да ја смените перцепцијата на гледање на истата.

На крајот пред учесниците додаде дека за остварување на целта треба многу внимание, време, напорна работа, но и љубов кон работата.

Инаку Д-р Билјана е специјалист за орална хирургија, сопруга и мајка.

Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.

Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави