МЦО ПРАЈТ
337

Мотивирачка трибина со Лидија Петкоска

Во Младински Центар Охрид, на 2ри мај продолжија неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“.  Говорник на трибината беше Лидија Петкоска, пратеник во Собранието на Република Македонија.

Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска.

Говорникот на трибина прво зборуваше за деновите поминати во основно училиште и патот кој се отворил од средношколска возраст во Гимназија, па изборот за факултет. Лидја Петкоска е дипломиран менаџер за туризам и угостителство, Факултет за туризам и угостителство – Охрид, Универзитет Св. Климент Охридски – Битола.

Лидија Петкоска им објасна на учениците дека со трудољубивост, упорност и посветеност стигнуваат вистински резултати.
Им зборуваше за тоа колку е важно да се избориш да останеш и да заработуваш во својата држава, како што направила таа и успеала да напредува во животот и да дојде до позиција пратеник во Собранието.

Учениците имаа многу интересни прашања, а Директорката и пратеничката им зборуваа колку е важно да се гордеат што учат во Кочо Рацин и дека се дел од ова училиште и да ги следат примерите на успешните приказни, да се борат против дискриминацијата што ја чувствуваат бидејќи се дел од ова училиште и само со успех да ја победат таа дискриминација.

Целта на трибините е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.

Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави