МЦО ПРАЈТ
1K

Мотивирачка трибина со Дејан Лескароски

Во Младински Центар Охрид, на 11ти мај продолжија неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“.  Говорник на трибината беше Дејан Лескароски, поранешен фудбалер и помошник тренер на новиот шампион на Првата македонска фудбалска лига – ФК Струга Трим & Лум.

Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска.

Говорникот Дејан, најпрво зборуваше за своите почетоци во своето училиште „Кочо Рацин“ и како таму ја стекнал основата за се’ во понатамошното негово развивање, дисциплина, работна навика, почит, другарство, посветеност.

Дејан Лескароски го раскажа својот пат во светот на фудбалот, уште од млада возраст, па професионалниот пат како од резерва во 3та македонска лига направил трансфер во прволигашот Силекс и започнал да игра во првиот тим.
Иако многуте предизвици и повреди во текот на кариерата сепак Дејан зборуваше дека со својата упорност и посветеност, како и професионализам сепак имал богата играчка кариера во повеќе од 10 клубови во Македонија и надвор од Македонија, како и настапи во елитните европски натпреварувања.

Кариерата ја продолжува како тренер во ФК Струга Трим Лум, каде оваа година станаа за првпат прваци на 1вата македонска фудбалска лига, а на 20ти мај играат и во финалето на Македонскиот Куп против екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Учениците од ОУ „Кочо Рацин“ имаа многу интересни прашања на кои Дејан со задоволство им одговори и ги советуваше и мотивираше доколку некој сака да го продолжи својот пат во светот на спортот.

Целта на трибините е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.

Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави