Во Младински Центар Охрид, на 29 март продолжија неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“. Говорник на трибината беше Богдан Василевски успешен менаџер и претприемач во Охрид.
Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска.
Говорникот на трибина прво зборуваше за деновите поминати во основно училиште, неговата желба и мотивација за успех и надоградување, но и за првите заработени пари на рана возраст. Истакна дека треба да останаме гладни за постојано истражување.
Професионалното и секојдневно усовршување на сите нас е од круцијално значење за успешно надградување на секој човек. Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења. Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра меѓусебна комуникација.
Мораме да го слушаме внатрешниот глас, а не туѓото мислење.
Одговорноста за нашиот живот е во нас самите !
На крајот пред учесниците Бодган на својата гитара им отпeа неколку македонски музички нумери.
Инаку Богдан Василевски е магистер по електротехника, технички директор на MAKITEL, сопственик на „In Kontrol BN“, музичар, вљубеник во уметноста и горд сопруг и татко.
Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.
Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.