Инфо за Млади
845

МОН објавува конкурси за доделување на стипендии

Министерството за образование и наука објави 9 конкурси за доделување ученички стипендии за учебната 2023/2024 година со кои ќе бидат доделени вкупно 3.500 стипендии.

Најмногу стипендии се доделуваат за ученици запишани во паралелки во стручно образование, во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број часови, вкупно 1.500, додека за социјална поддршка стипендии ќе им бидат доделени на 900.

Паричниот износ на сите стипендии е 3.500 денари, а во продолжение се линковите до сите, каде што можете да ги преземете и потребните документи за аплицирање.

Деталите и конкурсите можете да ги пронајдете на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави