МЦО ПРАЈТ
542

 Младински Центар Охрид преку Инфо Ден за “Гаранција за млади”

Младински Центар Охрид преку Инфо Ден ги презентираше можностите за млади кои ги нуди програмата Гаранција за млади.

Програмата Гаранција за млади им овозможува на младите лица од 15 до 29-години, кои не се вработени, ниту се вклучени во образование или обука (NEET), да добијат соодветна понуда за работа, да го продолжат своето образование или да бидат вклучени во некоја од активните програми и мерки за вработување, во период од 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица во Агенција за вработување.

Прашањата кои беа опфатени преку Инфо Денот со цел промоција на “Гаранција за млади” се следните:
Како функционира програмата “Гаранција за млади” ?
Кои лица ги опфаќа програмата “Гаранција за млади” ?
Што овозможува мерката ” Гаранција за млади” ?

Младите се во нашиот фокус, бидејки акцентот на младите денес, е нашата иднина утре!

Галерија од настанот:

 

Тагови:

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави