ИНФОРМИРАЈ СЕМЦО ПРАЈТОХРИД СЕГА
830

Официјализирана успешната соработка со Здружението „Тајните на моето срце“

На 22 февруари Младински Центар Охрид потпиша меморандум за соработка со Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“ – Охрид.

Целта на меморандумот е да овозможи успешно спроведување на активности во интерес на младите, преку взаемна соработка и имплементација на програмски активности и настани од двете страни.

Со овој меморандум ќе се овозможи:

  • Соработка за организирање културни настани;
  • Инклузија на децата со посебни потреби;
  • Организирање заеднички работилници;

МЦО понуди простор за едукација, работа, дружба и креативност, како и тим за поддршка при реализација на конкретни активности, настани и идеи.

На средбата се дискутираше и за значењето на инклузија на децата со посебни потреби во заедницата. МЦО ќе помогне при подготвување информативен материјал за промоција и унапредување на инклузивниот процес на децата.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави