Коалиција на младински организации СЕГА во периодот од 01- 07 јуни 2023 година спроведе меѓународна младинска размена “DIGYouth action for green reaction” во Струга.
Претставници на центарот, Раководителот Јован Цветкоски и Иво Ристески зедоа активно учество на оваа размена. На истата учествуваа и млади од Турција, Италија и Македонија.
Се разменија искуства и идеи за одржлива и чиста средина, младински еко активизам, климатски промени и др.
Целта на младинската размена беше зголемување на младинскиот активизам поврзан со зелени практики за одржливост. Целите на младинската размена се развивање знаења и вештини за зачувување на зелената средина преку употреба на дигитални алатки и поттикнување на активизам и учество на младите вонивните средини преку промоција на зелени практики меѓу нивните врсници.
Младинската размена се реализираше во рамките на Еразмус+ програмата со поддршка од Националната агенција за образовни програми и мобилност.
Проектот се имплеметира од страна на Коалиција на младински организации СЕГА со партнерите Amaita Intercultura од Италија, NECI NMK и Antalya Değer Yaratanlar Derneği-Antalya Value Creators Organization од Турција.