МЦО ПРАЈТОХРИД СЕГА
617

МЦО на меѓународна конференција – „Европа оди локално“

Во периодот од 23 до 25 мај 2023 година, Иво Ристески како претставик на Младински Центар Охрид / Коалиција на младински организации СЕГА заедно со претставник од Младински Центар Куманово и службениците за млади од општините Велес и Пробиштип, a со поддршка од НА учествуваше на 5-от Европски настан на „Европа оди Локално“ заедно со повеќе од 170 учесници од 27 земји, кој се одржа во Стохолм, Шведска.

Со учеството на овој настан бев инспириран од нови идеи, добро структуриран микс од активности, вклучувајќи панел сесии, презентации, работилници и интерактивни сесии. Исто така имав продуктивна размена на идеи, но и шанса да ги споделам нашите искуства и да се вклучам во дискусии со другите учесници за последните случувања во областа на младинската работа.

Иво Ристески – Младински работник во МЦО

Целта покрај размена на добри практики и искуства беше и:

  • Квалитетен развој на локалната младинска работа – Поддршка при признавањето и квалитетниот развој на младинската работа, како дел на општинската младинска политика, раководена од Европската повелба за локалната младинска работа
  • Промовирање европски можности за поддршка на локалната младинска работа – Правејќи ја европската димензија составен дел од младинската работа на општинско ниво.
  • Создавање мостови помеѓу локалните и европските учесници – Придонесување за развојот на младинската работа како дел од европската соработка во полето на младинската работа.
  • Зајакнување на дијалогот помеѓу учесниците – правејќи ја европската димензија интегрална за локалната младинска работа и нудејќи алатки и можности за соработка и воведување на најдобрите европски практики со цел врсничка едукација.

Важно е да се напомене дека Националната агенција стана рамноправен партнер во EuropeGoesLocal- европската иницијатива која ги обединува партнерите кои се вклучени во застапувањето, развојот, поддршката и спроведувањето на младинската работа.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави