Инфо за Млади
115

МАКПЕТРОЛ има потреба од пополнување на две работни позиции

МАКПЕТРОЛ има потреба од пополнување на три работни позиции.

I. 1 (еден) работник на работно место манипулант – општ работник во Склад Подмоље – Охрид во Дирекцијата за големопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено основно образование;
  • Со или без работно искуство.

Работното време за горенаведеното работно место е од 07:00 до 15:00 часот.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.
Висината на основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 23.000 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

II. 1 (еден) работник на работно место пожарникар – обезбедувач во Склад Подмоље – Охрид во Дирекцијата за големопродажба.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршено средно образование – техничка насока;
  • Со или без работно искуство;
  • Лиценца за физичко обезбедување;
  • Уверение за стручно оспособување за пожарникар;
  • Познавања од аспект на заштита од пожари и заштита и спасување;
  • Познавања од аспект на приватно (физичко) обезбедување.

Работното време за горенаведеното работно место, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до сабота.
Висината на основната нето плата за горенаведеното работно место изнесува 23.000 денари.
Работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа, се платени согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.

 

Активен до: 08.02.2024

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави