МАГНА вработува ОПЕРАТОР ВО ПРОИЗВОДСТВО
Главни одговорности:
- Склопување на делови составени од механички и електрични компоненти
- Работа со производствени алатки за штрафење, работа со алатки со компримиран воздух, работа со механички преси и хидраулични преси
- Визуелна инспекција според ISO стандарди за автомобиска индустрија
- Асемблирање на производи на производствена линија, основно одржување и чистење на алатки и машини
- Ракување со интеракциски програми за следење на производство преку екрани на допир
- Навремено известување и реакција при грешки и застои кон Тим лидер
- Сетирање и работа со рачни , полу автоматски и автоматски алатки и машини
- Периодична проверка на квалитетот на производите
- Проверка на деловите според спецификации и толеранции дадени од страна на финален купувач и интерни стандарди
- Работа според зададени работни инструкции и почитување на стандардизирана работа
- Работа според зададени стандарди за безбедност
- Одржување на чиста работна околина според 5C стандарди
- Навремено известување и ескалација при застои и проблеми
- Почитување на сите здравствени, безбедносни и стандарди за екологија според правилата на Магна
- Работа според дефинирани стандарди за производство произлезени од MAFACT системот
- Дополнителни задачи и одговорности коишто ќе бидат дефинирани од страна на Тим лидер
Потребно искуство:
- Способност за самостојна работа како и работа во тим
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Способност за работа со минимум надзор
- Познавање и следење на инстукции креирани според принципот за стандардизирана работа
- Умешност при работа и склопување на ситни механички и електрични делови
Што нудиме:
- Организиран превоз и топол оброк
- Обуки и стекнување на нови вештини
- Можности за интерни унапредувања
- Отворена и динамична корпоративна култура
- Бонус систем
- Приватно здравствено осигурување
Повеќе детали за огласот и начинот на аплицирање на следниот линк.
Активен до: 31.08.2023