LTH Леарница има потреба од ПРОДУКТЕН МЕНАЏЕР.
Одговорности:
- Разработка и имплементација на стратегии за продуктите, вклучувајќи го целиот животен циклус на производот
- Изработка на калкулации, технички услови и услови за преземање, како и подготовка на понуди
- Организација и водење разговори со купувачите при воведување нови производи
- Соработка при изработка на плански акти и инвестициски елаборати во производството односно техничко-технолошката област
- Водење проекти од порачка до потврдување на сериското производство
- Координација на изработката и потврдување примероци за нови проекти и повторени алати
- Управување и порачка на повторени алати
- Изработка на анализа на трошоци за проектите
- Соработка со надворешни институции и деловни партнери во рамките на проектните задачи
- Идентификација на потребите на клиентите кои ги задоволуваат нивните очекувања
- Комуникација со останатите сектори заради развој на продукти и производство.
- Евалуација на перформансите на продуктите и препораки за подобрување
Квалификации:
- Диплома на завршено образование (техничка)
- Искуство како продуктен менаџер во релевантна индустрија е предност.
- Одлични вештини за анализа и стратегиско размислување.
- Извонредни комуникациски и тимски вештини.
- Познавање на техники и процеси за развој на производи.
- Способност за менаџирање на проекти и работа со рокови.
- Познавање на англиски јазик, германски е предност.
Придобивки:
- Конкурентна плата
- Динамична и колаборативна работна средина
- Бонуси за работна успешност
- Исплата на новогодишен надоместок
- Доброволно приватно здравствено осигурување
- Развој на ниво на групација
- Сигурност во вработувањето
- Топол оброк.
Активен до: 20.03.2024
Повеќе детали на следниот линк.