Во ЛТХ Леарница отворено место за Инженер за контрола на квалитет.
Лтх објавува оглас за вработување:
Опис на активности:
- Имплементација на постапки за контрола на квалитетот на производите во соработка со производство, подготовка на контролната документација, акции за подобрување на квалитетот на процесите
- Идентификува неусогласености и превзема превентивни мерки, предлага корективни мерки за отстранување на неусогласеностите во процесите, воведува нови системи за обезбедување на квалитетот.
- Врши контрола на системската документација во поглед на барањата на стандардите кои се имплементираат во компанијата
- Врши модерација на FMEA системот и решава рекламации
- Обезбедува соодветни обуки, насоки и совети со цел производниот тим да го постигне бараниот квалитет
- Обезбедува и врши подготовка на податоци,анализи и извештаи за подготовка на годишните интерни и екстерни аудити (редовни и вонредни)
Останато:
- Компетитивни месечни примања, обезбеден топол оброк
- Покриени трошоци за превоз до работа ( во случај над 3км оддалеченост, по износ на месечен јавен превоз)
- Во случај кандидатот да доаѓа од друг град, можност за покривање на трошоци за сместување
- Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес
- Исплата на новогодишен надоместок
- Награди и бонуси согласно покажани резултати
- Доброволно приватно здравствено осигурување
Квалификации:
- Универзитетска диплома од техничките науки (апсолвенти)– Машински Инженери имаат предност
- Одлично познавање и активна примена на англискиот јазик ( германски ќе се смета за предност)
- Способност за читање и разбирање на цртежи, упатства и спецификации
- Познавање на работа со компјутери, МSOffice (Excel, Word, PowerPoint, Outlook), способност за математичко и статистичко решавање на проблеми од областа
- Организација на време, високо ниво на иницијативност и комуникација, способност за работа со рокови.
Специфични квалификации:
- Работно искуство од областа од 1 година како инженер за квалитет во автомобилска индустрија се смета за предност.
Услови за работа:
Позицијата бара користење на заштитна опрема, работа 40h неделно/ 8h дневно, работа со рокови и комуникација со купувачи (англиски јазик задолжително познавање и говорење).
Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид, административни и производни капацитети.
Активен до: 01.08.2023
Повеќе детали на линкот.