На 15 март во Младински Центар Охрид се одржа локална дискусија на тема „Потребите и предизвиците на средношколците“.
Се дискутираше за тоа колку средношколците се запознаени со Законот за средно образование, начинот на функционирање на младинските заедници, Законот за младинско учество и младински политики, кои се предизвиците со кои се соочуваат средношколците, кои потреби произлегуваат од истите, за на крај да се предвидат решенијата.
Целта на оваа дискусија беше да се приберат мислењата и ставовите на средношколците во однос на подобрување на функцијата на сите засегнати страни, а особено на младинските заедници за потоа да се формулираат конкретни решенија за подобрување на положбата на средношколците во Општина Охрид.
*На локалната дискусија учествуваа 20 претставници на младинските (ученичките) заедници од четирите средни училишта во Општина Охрид.