Креативна работилница во МЦО

На 19 април, 2023 година во Младински Центар Охрид беше одржана креативна работилница за ликовна уметност за млади. Ова беше одлична можност за изразување на огромниот креативен потенцијал на младите.

На работилницата учествуваа дел од  волонтерите на МЦО кои беа заинтересирани за техниката цртање со молив.

Оваа работилница ја одржаа професорите по ликовна уметност Богоја Мојсоски и Виданка Мојсоска. Голема Благодарност до нив за одличната соработка и во иднина ќе продолжиме да спроведуваме активности.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави