Инфо за Млади
115

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА објавува оглас за  Инженер за автоматика – Oддел инженеринг (Eлектроника) -Automation Engineer – Engineering (Electronics) 

КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА објавува оглас за  Инженер за автоматика – Oддел инженеринг (Eлектроника) –Automation Engineer – Engineering (Electronics) .
Работни задачи и одговорности:
  • Одговорен за планирање, контрола и оптимизација на процесот на имплементација на нови машини и опрема.
  • Развој на концепт за машини и опрема потребни за производниот процес.
  • Спецификација на нови машини и опрема потребна за производниот процес.
  • Анализа и калкулација на нови машини и опрема потребна за производнот процес.
  • Редовен контакт со инженери одговорни за дизајн на продукт и инженери одговорни за имплементација на продукт во производство, со цел коректна скецификација и калкулација на нова опрема и машини.
  • Редовен контакт со производители и добавувачи на машини и опрема, со цел коректен план на нарачка, испорака, инсталација и ослободување на нова опрема и машини
  • Одговорен за креирање на иницијален план за работа, план за одржување и листа за резервни делови за нова опрема и машини
  • Одговорен за обука на кадар – краен корисник на нова опрема и машини инсталирани во производството.
  • Активно учествува во прототип производството на нови продукти на производната линија.
  • Ги подджува и придонесува на акциите за анализа и решавање на проблеми во производството.
  • Обезбедува исполнување на сите барања на КОСТАЛ и купувачот во однос на развој на процес и продукт во фазата на проверка за можност на производство на еден продукт.
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС од машинска, електротехничка струка, или струка поврзана со наведените.
  • Најмалку 3-годишно искуство во производна средина, пожелно во автомобилска индуструја.
  • Искуство во производство на печатени електронски плочи (PCBA).
  • Искуство со програмирање PLC.
  • Искуство со системи за визуелна инспекција – индустриски камери и скенери.
  • Познавање на процесите за производство и тестирање на печатени електронски плочи:
– ласерско гравирање,
– транспорт и ракување низ производна линија,
– принтање со паста од калај,
– екипирање со електронски компоненити
– лемење во печка со топлински проток (Reflow Soldering),
– брановидно залемување (Wave soldering)
  • Искуство во активности на намалување на трошоци (Cost reduction).
  • Способност за  решавање на проблеми и работа под притисок.
  • Познавање на Microsoft Office производи посебно Excel (Word,  Power Point и E-Mail – Outlook).
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори).
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар
  • Здраво и безбедно работно опкружување
  • Проширено приватно здравствено осигурување
  • Сигурност на вработувањето
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.

Активен до: 24.01.2024

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави