Инфо за Млади
164

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од Инженер за планирање на производство (Production Planning Engineer)

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од Инженер за планирање на производство (Production Planning Engineer).
Работни задачи и одговорности:
  • Инженерот за планирање на производство е задолжен за развојот на производот и започнување на проектот;
  • Обезбедува планирање во однос на новите и веќе постоечки производи и процеси, со што ќе се управуваат и намалуваат ризиците на проектот во сите фази на производство;
  • Ги подготвува, спроведува и следи сите промени поврзани со производот и производството, обезбедуваќи усогласеност со барањата на клиентот за функционалност и квалитет на самиот производ;
  • Директно соработува со раководителот на проектот и тимот на инженери, со цел да се исполнат сите релевантни фази од проектот сè додека не се изврши предавањето во сериско производство;
  • Дава целокупна поддршка во сериската фаза на производство доколку има какви било промени во текот на истото.
Образование, искуство, вештини:
  • ВСС – Електротехнички или Машински факултет
  • Најмалку 3 годишно работно искуство во управување со проекти или планирање на производни процеси;
  • Искуство со анализа на причините и управување на ризик во целиот животен циклус на производот;
  • Познавање на работа со технички цртежи
  • Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail – Outlook);
  • Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
  • Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.

Активен до: 29.01.2024

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави