КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од Планер за планирање и контрола на производството – Сектор Логистика.
Работни задачи и одговорности:
- Подготвување на дневен и неделен план за производствените линии;
- Дневно координирање со одделот за подготовка на производство и запознавање со дневниот и неделниот план за производство;
- Координирање со одделот за продажба;
- Обезбедување на тековна подготовка на производството и достапност на суровините до производните линнии, вклучуваќи контролирање на производството;
- Одржување на оптимално ниво на залихи за WIP и готови производи во однос на капацитетот на производната линија и планираната продажба;
- Контролорот за планирање на производство директно му одговара на Менаџерот за логистика.
Образование, искуство, вештини:
- ВСС – Логистика, Економија, ПМФ- Математика, Инженеринг, ИТ;
- Познавање на MPS и RCCP;
- Искуство во работа со SAP или други ERP/MRP софтвери ќе се смета за предност;
- Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Напредно познавање на MS Office (Excel, Word, Access, e-mail); вклучувајќи ја и можноста за работа во (VBA);
- Искуство во работа на B2B проекти и опкружување.
Што обезбедуваме:
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан.
Активен до: 15.03.2024
Повеќе детали на следниот линк.