Министерството за образование и наука објави конкурс за доделување стипендии „Борис Трајковски” за студии од втор циклус за пан-европската извршна МБА програма на Универзитетот Јорк за академската 2023/2024 година.
Уписнина за 20 студенти за вонредни двегодишни студии од II (втор) циклус во рамки на
Пан-европската извршна МБА програма со двојна диплома од Универзитетот Јорк и
Универзитетот во Стразбур која се реализира во Солун, Грција, во рамките на
стипендиите „Борис Трајковски“, и тоа за следните насоки:
– Општ менаџмент
– Маркетинг
– Финансии
– Менаџмент во логистика
– Менаџмент во здравство
– Менаџмент на човечки ресурси
Краен рок за пријавување: 01 септември 2023 година.
Повеќе детали за висината на стипендијата, условите за прием и потребни
документи можете да најдете на следниот ЛИНК.
Превземено од МОН www.mon.gov.mк