Мојот кариерен избор

На 17 март со почеток од 18:00 часот, во Младински Центар Охрид ќе се одржи работилница за кариерно советување: „Мојот кариерен избор“.

Современите карактеристики на работата ни поставуваат одредени барања, создавајќи нови потреби во врска со нашиот професионален и личен развој. Од тука произлегува и неопходноста од развивање на компетенциите за управување со сопствената кариера.

Ако пред вас е дилемата што после завршување на средното образование и се чувствувате неодлучни, дојдете и дознајте:

  • Зошто велат дека “Успехот е патување, а не дестинација”
  • Што е кариерно советување?
  • Како изгледа циклусот на кариерно планирање?
  • Што треба да направите за да донесете правилна информирана одлука за вашата кариера?
  • Како може да ви помогне кариерниот советник?

Одговор ќе добиете на работилницата Мојот кариерен избор.

Ќе зборувате со членови на Асоцијацијата на советници за развој на кариера –  АСК.

Марија Коваческа,  Меѓународно сертифициран советник за развој на кариера и Еврогајденс амбасадор на РСМ. Советник за развој на кариера, сертифицирана преку GCDF програма (Global Career Development Facilitator) и Еурогајденс амбасадор во европската мрежа на кариерни советници. Веќе 10 години активно и посветено работи во полето на кариерно советување, професионална ориентација и градење вештини за вработливост за кај младите со што си обезбдуваат поголема конкурентност на пазарот на труд.

Ориентирана е кон обезбедување поддршка и помош во изборот и планирањето на нивната кариерна патека и градење вештини за управување со кариера кај младите.

 

 

Ана Топeнчарова Коваческа, Меѓународно сертифициран советник за развој на кариера, сертифицирана преку GCDF програма (Global Career Development Facilitator) и наставник по англиски јазик во Охридската гимназија. Работата во полето на кариерно советување ја применува на ученици во средно образование и младинци и активно се вклучува во градење на нивните меки вештини, меѓу другото и преку мрежата Еразмус +. Соработува со Црвениот Крст на град Охрид во нивните програми за градење лидество помеѓу младите.

Во својата работа се стреми кон зајакнување на капацитетите на младите во насока на нивно носење на правилни одлуки во врска со своето понатамошно образование и кариера, како и адаптирање и подобро претставување на пазарот на труд.

 

Што ќе содржи работилницата?

  1. Кариерното советување како поддршка при донесување кариерна одлука.
  2. Циклус на кариерно планирање
  3. Можност да ја креирате ваша визија за иднината
  4. Самопроценка преку пополнување прашалници и анализа на резултатите
  5. Како да дојдете до информации за образовните и кариерните можности?

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави