МЦО ПРАЈТПрограмски активности
557

Кариерно советување во МЦО

На 31 мај во Младински Центар Охрид се одржа работилница за кариерно советување со наслов „Мојот кариерен избор“.

На работилницата учествуваа ученици од IX одделение од ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид

Учесниците имаа можност да научат:

  • Што е кариерно советување?
  • Како изгледа циклусот на кариерно планирање?
  • Што треба да направат за да донесат правилна информирана одлука за идна кариера ?

Работилницата ја реализираа Марија Коваческа и Ана Топeнчарова Коваческа, Меѓународно сертифицирани светници за развој на кариера.

На работилницата учесниците направија самопроценка преку пополнување прашалници, креираа своја визија за нивната иднина и поминаа низ циклусот на кариерно планирање.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави