Инфо за Млади
54

Инвенио ДООЕЛ објавува оглас за  Оператор за Контрола на Квалитет

ИНВЕНИО ДООЕЛ е дел од меѓународна инженерска компанија со свои претставници во Европа, Кина, САД и Австралија. 

Инвенио ДООЕЛ објавува оглас за  ОПЕРАТОР ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ 

Обврски
•    Врши контрола според документацијата која ќе му биде дадена од Работодавачот за проверка на уредите, пополнување на картичките за собирање податоци.
•    Ги опслужува и ги набљудува машините за производство на пластични производи и го прати нормалното функционирање за истите.
•    Извршува потребна подготовка на машината за работа.
•    Врши визуелна контрола на делот за инјектирање и го елиминира незадоволителниот резултат.
•    Ги отстранува дефектите во обликуваниот дел.
•    Ги подредува готовите производи по утврдениот редослед, во зависност од видот на деталите и ги идентификува по претходно укажан начин.
•    Го познава принципот на работа на периферните уреди за мелење, сушење, мешање и дозирање на материјалот и знае да работи со нив.
•    Носи одговорност за допуштени намерни или ненамерни грешки при контрола на производите.
•    Носи одговорност за нанесени штети при нестручно извршена работа.
•    Носи одговорност за испраќање на несоодветни производи.
•    Носи одговорност за допуштање на мешање на квалитетно и неквалитетно производство.
•    Води грижа за барањета на СУК – процедури, работни инструкции, упатства во врска со работното место.

Услови:
•    Способност за самостојна работа и работа во тим
•    Самоиницијативност и иницијативност за учење
•    Флексибилност и можност за работа во три смени;
•    Прецизност и посветеност во работата
•    Почитување на работните инструкции, стандарди за работа и инструкции предвидени за заштита при работа

 

Активен до: 30.09.2023

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави