ИНФОРМИРАЈ СЕОХРИД СЕГА
247

Инфо сесија за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација”.

Старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, организираат инфо сесија за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација”.
Настанот ќе се одржи на 26.01.2023 година со почеток во 11:00 часот, ул. „Радојца Новичиќ” ББ, Охрид (Павилјон 2 од поранешна Касарна) https://goo.gl/maps/WsJtLFxo2LkumET26
Сите заинтересирани треба да го потврдат своето присуство на следната е-маил адреса: [email protected] најдоцна до 24.01.2023 година.
На инфо сесијата секој ќе може да ги постави своите прашања кои се поврзани со активниот повик на претставниците од ФИТР, од Програмата за зголемување на пазарна вработливост – ИМЕ и ќе имаат можност да се запознаат со услугите кои ги нуди организаторот Старт-ап центарот Касарна Хаб Охрид.
Предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација” е наменет за мали и средни претпријатија од земјоделско – прехранбениот и туристички сектор. Целта е да се овозможи зголемување на иновативноства и конкурентноста на претпријатијата преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење.
Вкупниот буџет на предизвикот изнесува 18.450.000 денари, а Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот за микро или мало претпријатие, однсоно до 50% вкупниот буџет за проектот за средни претпријатија, во максимален износ од 1.845.000 денари.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави