Мобилната апликација за детекција на отпад Trash Pinger, идеја на младите при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа во конкуренција од 31 пријавен тим, да се пласира во најдобрите седум тима од цела држава.
Учениците имаа несекојдневна можност да ја претстават својата идеја пред стручното жири и иако беа единствен тим составен од средношколци, покажаа подготвеност и сериозност во својата намера за функционирање на апликацијата, така што своето училиште и градот Охрид воопшто, ги претставија во најдобро светло.
Изјави менторката Проф. Ирена Ралева-Најдевска
ЛМО при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во периодот од септември 2023 до февруари 2024 година во состав на: Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Дарко Крлески и Александар Спасеновски, заедно со менторката Ирена Ралева-Најдевска, активно работеа на својата мобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger. Ова петмесечно усовршување на нивната бизнис идеја им обезбеди членство во клубот на алумни на RISE – Regional Incubator for Social Entrepreneurs во кој членуваат 5 000 претставници од Западен Балкан.